Realme 8 5G ќе биде претставен на 21. април, а неодамна се потврдени две опции на бои за телефонот – Supersonic Black и Supersonic Blue. Realme сега официјално објави и потврди дел од спецификациите на смаррфонот.

Потврдено е дека Realme 8 5G ќе го покренува Dimensity 700 чипсет, а ќе има и 6,5-инчен punch-hole дисплеј со брзина на освежување од 90Hz. Дебелината на уредот ќе изнесува 8,5 мм, а неговата тежина ќе биде 185 грама.

Една од фотографиите, која ја објави Realme, потврдува дека уредот ќе има сензор за отпечатоци од страна на рамката, што значи дека панелот ќе биде LCD.

Претходните гласини сугерираа дека Realme 8 5G ќе биде ребрендиран V13 5G за глобалните пазари. Ако ова се покаже како точно, телефонот ќе има FullHD+ дисплеј, батерија од 5000mAh со поддршка за 18W полнење и 8MP селфи камера. На задната страна се очекува 48MP главна камера, 2MP макро и 2MP сензор за длабочина.