Компанијата Google објави дека ќе ја купи компанијата за сајбер безбедност Mandiant за 5,4 милијарди долари во готовина, поради силниот раст на нејзиниот бизнис во сегментот на cloud computing.

Google, кој е сопственик на Alphabet, понуди цена од 23 долари по акција, што е премија од околу 53 отсто во споредба со цената на акциите на Mandiant пред медиумите да пишуваат дека конкурентот Microsoft размислува да ја купи сајбер компанијата, пренесува Reuters.

Оваа аквизиција би можело да го зајакне бизнисот во облак на Google, кој генерира повеќе од 19 милијарди долари годишно, но губи милијарди долари годишно, и да и помогне на компанијата да се натпреварува во пазарниот натпревар против посилен конкурент, Microsoft, оценува британската агенција.

Бизнисот на Mandiant е фокусиран на одговор на сајбер инциденти и тестирање на сајбер безбедноста.