Откако деновиве се појавија официјалните рендери за Samsung Galaxy S10/S10+, сега имаме и фотографии од најмалиот модел во претстојната линија на јужнокорејската компанија – Galaxy S10e (Lite).

Galaxy S10e ќе го карактеризира посведен хардвер во однос на другите два модела од линијата, за да се постигна пониска цена. Претходните извештаи сугерираа дека Samsung би можел да користи поевтин in-display сензор за овој модел, но според наводите на WinFuture, S10e ќе има сензор за отпечатоци од страна.

Освен податоците за сензорот за отпечатоци, новите фотографии воглавно ги потврдуваат деталите кои ги слушнавме претходно. Се очекуваат 6GB RAM и 128GB простор за складирање, како и 5,8-инчен дисплеј без заоблени рабови. Исто така, на задната страна се очекуваат две камери, додека S10 и S10+ ќе имаат по три камери на задната страна.

Galaxy S10e, според протечените фотографии, ќе биде достапен во црна, бела и зелена вааријанта, а се очекува и жолт модел што ќе пристигне подоцна. Unpacked настанот на Samsung е закажан за 20. февруари во Сан Франциско.