Претходно веќе се појавуваа информации дека Apple ќе користи LTPO OLED панели на своите два iPhone 13 Pro телефони. Најновиот извештај доаѓа од DigiTimes, кој тврди дека Samsung и LG ќе ги произведуваат овие панели.
Во моментов, двете компании се во процес на префрлање на своите производни линии наменети за iPhone на LTPO. Во јануари, The Elec истакна дека само Samsung Display ќе биде подготвен да го снабдува Apple со новиот тип на дисплеј, и дека LG Display ќе се приклучи следната година. Доколку извештајот на DigiTimes е точен, Apple сега има два подготвени снабдувачи на LTPO дисплеи.
Кога станува збор за стандардните iPhone 13 и iPhone 13 mini, тие ќе ја задржат постарата LTPS OLED технологија, со панели кои ги произведуваат LG и BOE. Новата LTPO технологија троши помалку и овозможува прилагодливи стапки на освежување до 120 Hz.
Според аналитичарите, iPhone 13 серијата ќе биде претставена во септември, a ова ќе биде враќање на вообичаениот распоред за објавување. Доколку се појават проблеми со синџирот на снабдување, Apple може да ja одложи објавata на новата iPhone линија за октомври.