Љубителите на забавните фотоапарати и инстант фотографии имаат нова играчка – Instax Mini 40.

Iako Instax Mini 40 на компанијата Fujiflim потсетува на стилизираните фотоапарати како X100V, карактеристиките на нивниот најнов уред се поедноставни. Најновата Instax камера за инстант печатење на јапонската компанија вклучува автоматска експозиција, така што не морате да губите време на вртење на копчињата, а има и селфи режим што се активира со извлекување на предниот раб на леќата на камерата.

Како и кај сите Fujifilm Instax камери, кога ќе се притисне копчето на затворачот, уредот исфрла силе отисок на кој му се потребни околу 90 секунди да се развие. Камерата која е во продажба од април, се напојува од неколку батерии со големина АА, што би требало да им одговара на десетина Instax Mini филмски пакети, од кои секој нуди 10 фотографии.

Извор: B92.net