Samsung SM-M315F телефонот е забележан на Geekbench листинг, а се верува дека станува збор за претстојниот Galaxy M31. Листата укажува и на клучните спецификации на телефонот. Се очекува дека Samsung Galaxy M31 ќе биде наследник на Galaxy M30 моделот, кој е претставен во февруари оваа година.

Смартфонот, со број на модел SM-M315F, на Geekbench се појави со Android 10 софтвер и Exynos 9611 осмојадрен чипсет. Galaxy M31 е прикажан и со 2GB RAM, но се очекува дека во декот на објавата ќе бидат достапни и модели со повеќе меморија. Телефонот оствари резултат од 348 поени во single-core и 1214 поени во multi-core тестот.

Кога е во прашање просторот за складирање, се верува дека Galaxy M31 ќе има двојно повеќе од својот претходник, до 64GB. Претходните извештаи сугерираа и систем со три камери на задната страна, од кои главната има 48MP сензор (со дополнителен 12MP ултраширок и 5MP сензор за длабочина).