Уредот наречен Samsung Galaxy A Quantum 2 се појави на Google Play Console листингот, со кодно име „a82xq“ и ознака на моделот „SM-A826S“. Овие податоци потврдуваат дека телефонот ќе пристигне на пазарот како Samsung Galaxy A82 5G.

Листингот ги открива спецификациите на смартфонот пред неговата објава, вклучувајќи го чипсетот, RAM меморијата и резолуција на дисплејот. Galaxy A82 5G ќе користи Qualcomm Snapdragon 855 Plus процесор, заедно со 6GB RAM меморија.

Телефонот доаѓа со FHD + екран и резолуција од 2400 x 1080p. Galaxy A82 5G ќе биде испорачан со оперативниот систем Androiid 11 од самото лансирање. Спецификациите наведени на Google Play Console се на исто ниво со претходните информации што се појавија.

Претходните гласини споменуваа и дека телефонот ќе има 64MP Sony IMX686 главна камера  на задната страна. Се чини и дека нема да има pop-up ротирачка камера како кај претходниот модел. Рендерот од листингот означува punch-hole отвор за селфи камерата.