Redmi неодамна ја претстави новата серија паметни телефони – Redmi K30. Главниот адут на серијата се камерите и поддршката за 5G мрежи. Да потсетиме, Redmi K30 е опремен со 6,67-инчен екран со FHD+ резолуција, има до 8 GB RAM и до 256 GB интерна меморија, во зависност од моделот Snapdragon 730G (K30) или Snapdragon 765G čip (K30 5G).

Производителот ја опреми оваа серија уреди со вкупно шест камери, од кои две се предни, а четири од задната страна. Главната камера на двата телефона има резолуција од 64 мегапиксели, додека спецификациите на останатите три малку се разликуваат во зависност од моделот. На пример, 5G моделот има макро камера од 5 MP, а 4G моделот од 2 MP. Потоа K30 има и нешто побавно полнење на батеријата (27W) во однос на K30 5G (30W).

Кинеската регулаторна агенција TENAA на својата интернет страница откри дека во подготовка е и дополнителен модел на телефон, кој ќе донесе уште поголема количина на работна меморија и простор за податоци. Според изворите, новиот модел исто така ќе има поддршка за 5G мрежи, но и 12 GB RAM и 512 GB интерна меморија.

Што се однесува до бојата на куќиштето, најмоќниот модел ќе биде достапане во две бои – црна и зелена. Очекуваната цена на кинескиот пазар изнесува околу 410 евра.