Sony најави дека на 14. април ќе ја претстави 2021 Sony Xperia линијата. Компанијата ќе одржи онлајн презентација, која ќе биде пренесувана во живо.
Во текот на овој настан се очекува да биде претставен Xperia 1 III моделот. Гласините сугерираат дека уредот ќе има 6,5-инчен OLED дисплеј со 4K резолуција и 21:9 однос на страните и подобрено осветлување.
Гласините ја споменуваат и можноста за објава на Xperia 10 III моделот, кој неодамна се појави на Geekbench листингот со Snapdragon 765G чипсет и 6GB RAM меморија.
Можеби ќе видиме и нов Xperia Compact телефон, со 5,5-инчен екран, но не е познато дали овој уред ќе се најде во продажба надвор од Јапонија.
Sony би можел да не изненади и со некои други уреди, па ќе мора да го почекаме официјалниот датум на објава за да откриеме што се компанијата има подготвено за оваа година.
Поврзани артикли