Gigabyte Aorus брендот одржа специјален настан, во текот на кој го демонстрираше новиот 43-инчен FV43U монитор.

Aorus FV43U има 43-инчен панел со Quantum Dot технологија. Екранот од 4K нуди 144Hz освежување, а не е потврдено дали поддржува HDMI 2.1 конекција. Компанијата потврди дека 10-битниот панел нуди 97 проценти покриеност на DCI-P3 спектарот на бои.

Максималната осветленост на мониторот изнесува 1000 нита, а Vesa веќе го сертификуваше Aorus FV43U за DisplayHDR 1000 поддршка. Виетнамскиот сајт на компанијата, каде што беше демонстриран мониторот, го потврди 1ms MPRT одзивот.

Некои малопродажни синџири во Азија веќе го нудат мониторот во претпродажба. Очекуваната цена за Aorus FV43U изнесува околу 1515 американски долари.