Samsung наскоро би можел да ја претстави својата најнова генерација слушалки – Galaxy Buds 2, како и Galaxy Watch 4 часовникот со Wear OS платформа. Ова се базира на кодот, пронајден во најновиот APK на Galaxy Wearable.

Кодот го носи името „berry“, a ги одделува Galaxy Buds 2 од постоечките Galaxy Buds и Galaxy Buds Plus модели и исто така сугерира можност за конекција на новите слушалки со повеќе уреди. Паметниот часовник се појави со кодното име „newos“, што укажува на новиот Wear OS.

Со исклучок на Samsung Gear Live моделот, компанијата ја користеше платформата Tizen на своите паметни часовници. Иако враќањето на Wear OS беше најавено и претходно , податоците од кодот се прв јасен знак дека ќе видиме префрлање на паметните часовници на Samsung на новата платформа. Гледајќи ги актуелните модели, се очекува дека претстојниот часовник ќе биде или Galaxy Watch 4 или Galaxy Watch Active 4.

Samsung се очекува да го претстави новиот паметен часовник во текот на вториот квартал оваа година, а потоа би можеле да видиме и објава на новите Galaxy Buds слушалки.