Изгледа дека Acer се подготвува за претставување на новиот, 34-инчен UltraWide гејминг монитор, а компанијата го најавува моделот Acer Predator X34S.

Acer Predator X34S е 34-инчен монитор, со Nani IPS панел и резолуција од  3440 x 1440 пиксели. Мониторот има поддршка за стапка на освежување од 200Hz и Nvidia G-SYNC технологија. Уште една битна карактеристика е и исклучително брзиот одзив од 0,5ms.

Останатите карактеристики на Predator X34S мониторот вклучуваат 1900R закривеност, DisplayHDR 400 поддршка и SDR осветлување од 400 нита (550 нита со HDR).

Од опциите на конекција присутни се 1 x DisplayPort 1.4 и 2 x HDMI 2.0 портови, а нема HDMI 2.1 поддршка. Очекуваната цена на мониторот е 1472 долари.