Компанијата SpaceX ја лансираше Falcon Heavy, најголемата оперативна ракета во светот, за прв пат од нејзиното лансирање во средината на 2019 година.

Ракетата беше лансирана од вселенскиот центар Кенеди во Флорида и носеше американски воени сателити во вселената како дел од тајната мисија наречена USSF-44.

Ракетата Falcon Heavy дебитираше во 2018 година со голема помпа, а извршниот директор на SpaceX, Илон Маск, ја искористи можноста да го лансира својот Tesla Roadster во вселената како пробен товар. Автомобилот се уште е во вселената на пат околу Сонцето.

Од првата пробна мисија, SpaceX има само две мисии Falcon Heavy, двете во 2019 година. Во едната беше испратен телекомуникациски сателит за компанијата Arabsat од Саудиска Арабија, додека во другата мисија беа лансирани експериментални сателити за Министерството за одбрана на САД.

Сепак, ракетата повеќе не се користеше по 2019 година, бидејќи повеќето мисии на SpaceX не го бараат тоа, туку доволна е ракетата Falcon 9, која само оваа година заврши речиси 50 мисии.

SpaceX успеа да приземји два бустери од првата фаза на ракетата Falcon Heavy, додека третиот беше пуштен да падне во океанот и ќе биде фрлен. Причината е што немал доволно гориво за да го изврши слетувањето.

Falcon Heavy моментално е најголемата оперативна ракета во светот, но доаѓа уште поголем и помоќен Space Launch System или SLS. Оваа ракета треба да полета за прв пат овој месец како дел од мисијата Артемис 1 на пат околу Месечината. Лансирањето ќе се изврши од вселенскиот центар Кенеди.