За енергијата со која се напојуваат електричните автомобили многу се полемизира, со оглед на тоа дека таа на одредени места настанува и во услови кога е дури подобро за околината да се вози на дизел или бензин. Доволно е да се наведат илјадници термоцентрали во светот кои произведуваат електрична енергија.

Сепак, од Шетландските острови во Шкотска пристигнуваат вести за нов тип на полнач за електрични автомобили кој користи најчист можен извор на енергија – моќта на плимата на Северното Море, која со специјални турбини се претвора во електрична енергија.

Овој полнач го поставила компанијата Nova Innovation на островот Јел, чии домаќинства со години користат електрична енергија добиена благодарение на морските бранови.