Playstation е спонзор на Лигата на шампионите оваа година, па на платформата YouTube е објавено промотивно видео кое беше прикажано малку порано.

Видеото покажува како разни ликови од видео игрите на PS пристигнуваат на натпреварот од Лигата на шампионите, го најавуваат или се подготвуваат за него.

Меѓу нив се Астро Бот, Спајдермен, како и Џоел и Ели од хит видео играта „The Last of Us“, а на трибините можат да се видат Кратос и Бои.

Во некои претходни промотивни кадри можеше да се видат повеќе ликови.

Така, на пример, Кратос беше во тунелот каде што ги исплаши фудбалерите, а Рачет и Кленк влегоа на теренот од друга димензија за да му помогнат на повредениот играч.

Исто така, Алој од играта „Horizon Forbidden West“ му помогна на тренерот во тактиката, а Нејтан Дрејк од публиката навиваше за својот тим.