Американскиот технолошки гигант Intel ќе инвестира 20 милијарди долари во изградба на две фабрики за чипови во Аризона, а планира и нови погони во Европа, изјави новиот извршен директор Пат Гелсингер.

Intel е една од ретките компании кои сè уште сами произведуваат полупроводници и дизајнирааат и произведуваат свои чипови. Конкурентите како Qualcomm и Apple им го препуштаат производството на чипови на подизведувачите.

Гелсингер нагласи дека Intel ги „решил целосно“ проблемите со најновата технологија на производство и дека системот ќе биде подготвен да произведува чипови до 2023 година.

– Се планира голема експанзија на производството, што ќе вклучува 20 милијарди долари инвестиции во две нови фабрики во Чендлер, Аризона, и на идни локации во САД и Европа, истакна Гелсингер.

Intel во новите фабрики ќе произведува чипови за свои потреби, но исто така ќе ги продава на други компании, потпирајќи се на моделот што го нарекуваат „леарница“ во индустријата за чипови.

Новите фабрики ќе произведуваат главно најнови модели на чипови, што значи дека Intel ќе се натпреварува со Тајванското производство на полупроводници (TSMC) и јужнокорејската компанија Samsung.

Според Гелсингер, Intel ќе се обиде да ги промени односите во глобалниот сектор за полупроводници со производствен модел во кој досега беше помалку присутен.