Европската European Hardware Association (EHA) објави резултати за најновите трендови што се однмесуваат на компјутерскиот хардвер на европскиот пазар.

Новото истражување се однесува на втората половина од оваа година и вкличува преку 10.000 испитаници и се занимава со преференците на корисниците во однос на компјутерскиот хардвер со посебен акцент на процесорите и графичките чипови.

Според објавените резултати, повеќе од 60 проценти од корисниците во Европа за својот нов процесор би избрале некој од понудата на компанијата AMD. За споредба, истото би го избрале 50 проценти од испитаниците во првиот дел на 2019. година, односно 40 проценти од испитаниците во втората половина на минатата година. Најголемата причина за растот на бројот на корисниците кои ги сакаат процесорите на AMD е новата Ryzen 3000 серија процесори.

Од друга страна, многу е помал бројот на испитаници кои ги комбинираат процесорите на Intel со AMD Radeon графиката, односно 2,9 одсто. Многу поголем број корисници преферира да ги комбинира процесорите на Intel со Nvidia GeForce графиката (35 проценти од нив).