Според наводите на компанијата pCloud, која се занимава со складирање во облак, Instagram е најинвазивната апликација. Се истакнува дека Instagram дели дури 79 проценти од личните податоци на корисниците со екстерни компании, а тоа вклучува купување информации, лични податоци и историја на пребарување.

Instagram користи 86 проценти од корисничките податоци за да продава повеќе производи од Facebook групаацијата и да доставува релевантни реклами од други компании. На второто место на оваа листа е Facebook. Од друга страна, постојат апликации како што се Signal, Clubhouse и Netflix, кои не споделуваат кориснички податоци и не ги користат за маркетинг цели.

pCloud ја заснова својата анализа врз податоците од новите правила за приватност на App Store, а истражувањето покажува дека Instagram и Facebook споделуваат најмногу кориснички податоци со надворешни компании, а во голема мерка ги користат и за сопствени маркетинг потреби.

Според овој извештај, Signal, Netflix, Clubhouse, Skype, Microsoft Teams и Google Classroom воопшто не собираат податоци, што ги прави најсигурни апликации на App Store. исто така, апликациите BIGO, LIVE и Likke се наведени меѓу 20-те најсигурни, а собираат само два проценти од личните податоци на корисниците.