Доколку се занимавате со професија која бара брзина и немате време за трошење или едноставно сте љубопитни и сакате да знаете на што сте, тогаш ќе ве интересира опцијата да дознаете кога некој го прочитал вашиот мејл.

Од Chrome продавницата, можете да инсталирате Gmail додаток кој ќе ве извести кога вашиот мејл е прочитан, а оној кој го прочитал да не знае за тоа. Запознајте го додатокот MailTrack, кој ќе ви помогне токму во ова.

По инсталацијата, ќе добиете можност за избор во долниот лев агол на мејлот кој сте го испратиле да стои #MailTrack ознака, за корисникот на кого сте му го испратиле мејлот да знае дека го „надгледувате”, а ќе имате на располагање и опција оваа ознака да не се гледа. Доколку сакате само да добиете известување за прочитаниот мејл, без знаење на оној кој го прочитал.

MailTrack е лесна апликација, тежи само 1.13 MB, не троши многу ресурси, работи во реално време и основната верзија е бесплатна.

Извор: Mondo.rs