Израел и Нов Зеланд издадоа привремено одобрение за продажба на спреј за нос на азотен оксид, што може да придонесе за спречување на пренесување на коронавирус, беше соопштено денеска од овие две земји.

Производството на спрејот наречен „Еновид“ започна во Израел во соработка со неколку партнерски компании и се очекува производот да се најде во продажба таму во текот на летото.

Во Нов Зеланд, компанијата „Санотиз“ регистрираше спреј за нос со одобрение од регулаторната агенција на Нов Зеланд, Дирекцијата за безбедност на лекови, што` овозможува на компанијата веднаш да го дистрибуира производот и да го продава без рецепт, со седиште во Ванкувер, објавија од компанијата.

Со спрејот корисниците треба да се заштитат од вируси кои влегуваат во организмот преку горниот респираторен тракт.

Но, Министерството за здравство на Нов Зеланд објави дека сè уште не го одобрило производот за употреба како антивирусен спреј за нос.

Одобрението на кое се повикува компанијата не ја задоволува класичната процедура на поднесување барање или одобрување, соопшти вчера Mинистерството за здравство на Нов Зеланд со образложение дека ќе продолжи со натамошните преговори со компанијата.

Минатата недела беа објавени резултатите од клиничките испитувања кои покажааа дека спрејот е ефикасен антивирусен лек што може да спречи пренесување на Ковид-19, да го скрати времетраењето на болеста и да ја ублажи сериозноста на симптомите кај веќе заразените пациенти.