Скриени под брановите и во длабочините, океаните содржат огромни резерви на шеќер за кои претходно не ни знаевме, тврдат научниците.

Благодарение на новото истражување, научниците открија дека морските алги на дното на океанот можат да складираат/содржат огромни количини на слатки материи под лисјата.

Шеќерот е присутен во форма на сахароза, која е главната состојка во шеќерот што се користи во кујната, а морските алги го испуштаат на дното на океанот и област која всушност е слој од корени наречен ризосфера. Тоа значи дека концентрацијата на шеќер на морското дно е околу 80 пати поголема од вообичаеното.

Може да има до 1,3 милиони тони сахароза под морската трева ширум светот, според тим истражувачи, што е доволно за околу 32 милиони лименки Кока-Кола. Јасно е дека се работи за значителна количина на „скриен“ шеќер.

„Морските алги произведуваат шеќер за време на фотосинтезата. Во услови на просечна светлина, овие растенија го користат најголемиот дел од шеќерот што го произведуваат за свој метаболизам и раст. Но, во услови на поголема светлина, како на пладне или во текот на летото, растенијата произведуваат повеќе шеќер отколку што можат да го искористат или складираат, така што го ослободуваат вишокот сахароза во ризосферата“, вели Никол Дубилие, морски микробиолог од Институтот Макс Планк во Германија.

Сепак, изненадувачки е што овој вишок шеќер не го консумираат микроорганизмите во околината. Се чини дека алгите ослободуваат фенолни соединенија на ист начин како и многу други растенија. Овие хемиски соединенија, кои се наоѓаат во црвеното вино, кафето и овошјето, како и на други места во природата, всушност имаат антимикробни својства кои го инхибираат метаболизмот на повеќето микроорганизми и ги забавуваат.

Истражувачите ја тестирале својата хипотеза на вистинското поле на морската трева за да потврдат дали тоа навистина се случува и ја искористиле техниката на масена спектрометрија.

„Во нашите експерименти, додадовме феноли изолирани од морските алги на микроорганизмите во ризосферата. И навистина, многу помалку сахароза се трошеше во споредба со периодот кога феносолите не беа присутни“, рече Меги Согин, морски микробиолог.

Сепак, малата количина на микроби напредувала благодарение на сахарозата и покрај присуството на фенол. Истражувачите веруваат дека овие „мирни специјалисти“ може да дадат нешто за возврат на морските алги, како што се хранливи материи потребни за раст.

Морската трева е исклучително важна за „синиот јаглерод“, а станува збор за јаглеродот „заробен“ во светските океани и крајбрежните екосистеми. Морската трева може да „цица“ двојно повеќе јаглерод од шума со иста големина на копно и дури 35 пати побрзо.