Многу е важен моментот помеѓу размислување за напуштање на работата и реалното давање на отказ. Тоа е многу тежок период кога повеќето се преиспитуваат, анализираат и сумираат-колку вредат и колку знаат, и што воопшто сакаат.

Тоа е исто така време кога вработените полека почнуваат да истражуваат што се нуди од работа и би сакале да привлечат внимание од работодавците..но не и фирмата за која моментално работат.

LinkedIn одлучи да ја олесни работата. Опцијата се вика “Open Candidate” (отворен кандидат) и ја има токму таа функција-ставање до знаење на работодавецот дека барате нова работа, додека истовремено таа информација е тајна за компанијата за која работите.

Кога ќе ја изберете опцијата “Open Candidate”, можете да дополните и некои конкретни информации за видот на работа кој го барате и на која локација. Можете дури и да напишете краток текст односно порака за работодавецот.

Она што е важно е точно да напишете за која компанија моментално работите, инаку LinkedIn нема да може да ги скрие информациите ( од кој е потребно да се сокријат).

За да ја проверите оваа опција, отворете свој профил и кликнете на „Jobs“ (работи) на врвот. Потоа ќе најдете “Jobs you may be interested in,“ па кликнете на “Update career interests”. Потоа ќе видите на врвот слајдер со упатство  “Let recruiters know you’re open.“  На оваа опција засега можете да и пристапите само на десктоп компјутер, но и преку апликацијата LinkedIn.

Мини-истражувањето покажа дека оваа опција има успех-заинтересираните за нови позиции имаат повеќе шанси да бидат контактирани од работодавецот, а работодавците често им пристапуваат на кандидатите со опцијата “Open Candidate”.