Вчера се појави во продажба најновиот модел на iPhone, а воедно и најскапиот телефон кој Apple некогаш го произвел. Основниот модел на iPhone X се продава по цена од 1.000 евра.

Генералниот директор на Apple, Тим Кук, не смета дека нивниот нов телефон е толку скап како што велат луѓето.

Кук смета дека цената нема да влијае на бројката на продадени примероци на iPhone X, па затоа е сигурен дека и овој производ ќе биде полн погодок на пазарот.

„Ако добро размислите, месечно ќе ве чини колку кафињата кои ги пиете во некои од елитните локали. Така што, ако имате пари за кафе, ќе имате и за iPhone X“, изјави Тим Кук.

Apple се надеваат дека ќе заработат околу 87 милијарди во следните три месеци, а голем дел од заработката е планирано да дојде од продажбата на мобилни телефони.

Новиот iPhone X е чекор во нов правец за компанијата, која реши дека ќе направи сосем нова линија на телефони кои нема да бидат дел од нумерираната серија на iPhone-и, кои досега со секоја нова генерација беа само надградувани, но ги делеа истите карактеристики.