Lenovo во мај минатата година ги претстави првите Legion гејминг теелфони, кои користеа двојно USB полнење. Сега новиот уред на Lenovo е сертификуван од 3C агенција, и се чини дека Legion 2 со слична технологија ќе овозможи полнење до 110W.

За да ги оствари споменатите брзини на полнење на батеријата, Lenovo ја подели батеријата на две идентични ќелии, а секоја се полни преку различен USB-C порт. Двете ќелии поддржуваа 45W на првиот телефон на Legion, додека наследникот ќе има поддршка од 65W преку едниот порт, додека вториот ќе остане на 45W, што вкупно ќе овозможи полнење на батеријата со брзина од 110W.

Lenovo L70081 е ознака на моделот на новиот гејминг телефон, кој ќе има Snapdragon 888 чипсет. Се очекува и голема количина на RAM меморија, како и прилагоден кориснички интерфејс со голем број подобрувања во сферата на гејмингот.