Московските власти претставија апликација за паметни телефони, која ги следи движењата на луѓето што се во изолација поради коронавирусот.

Според официјалните податоци, 2.777 Руси се заразени со Ковид-19, а во последниве 24 часа потврдени се 440 нови случаи.

Досега починаа 24 лица.

Москва, епицентарот на епидемијата во Русија, во неделата најави делумен карантин, а на жителите им беше кажано да ги напуштаaт своите домови само за да купат основни продукти, да ги прошетаат милениците или доколку им треба лекарска помош.

Градски службеник изјави дека властите развиле апликација за паметни телефони за граѓаните на Москва кои имаат коронавирус.

Кога овие жители ќе ја преземат апликацијата, властите ќе може да ги следат.

Апликацијата е сè уште во фаза на тестирање, изјави Едуард Лисенко, шеф на одделот за информатичка технологија.

Москва исто така се подготвува да воведе градски систем за QR-код, при што секој жител што се регистрира преку интернет, ќе добие уникатен код, со кој ќе им се претстави на полицајците доколку го легитимираат, рече Лисенко.