По објавата на премиум моделот Mi 11, Xiaomi сега се подготвува да претстави уште еден интересен уред – Xiaomi Mi 10S. За овој модел веќе слушнавме во текот на јануари, а сега е се поизвесно е дека ќе биде претставен наскоро, бидејќи телефонот се појави на неколку листинзи и платформи за продажба преку Интернет.
Како што сугерира името, Xiaomi Mi 10S е дел од ланската Mi 10 премиум серијa. Но, наместо Snapdragon 865 чипсет, Mi 10S ќе користи унапреден Snapdragon 870 SoC.
Во овој момент нема многу информации за останатите спецификации на телефонот. TENAA листингот открива дека Xiaomi Mi 10S ќе има нештопоинаков дизајн од моделот Mi 10, и повеќе потсетува на Xiaomi Mi 10 Ultra, особено во сегментот на камерата.
Покрај тоа, 3C листингот открива поддршка за 33W брзо полнење. Тоа е сè што засега е познато за моделот Xiaomi Mi 10S.