McLaren и OnePlus објавија нова соработка и го открија првиот резултат од неа. Тоа е специјална верзија на познатиот OnePlus 6T вклучувајќи портокалов акцент на стаклениот заден панел кој се здобил и со текстура на јаглеродни влакна.

Другите промени во однос на стандардното издание на OnePlus 6T вклучуваат 10GB RAM (меморијата за апликации е 256GB) и новата технологија за брзо полнење Warp Charge 30, која поддржува полнење при 30 вати.

Благодарение на неа, батеријата со капацитет 3700 mAh може да биде наполнета до 50% за 20 минути. Додадени се уште посебна тема, икони и анимации, а врз задниот капак го откриваме логото на британската компанија.

McLaren OnePlus 6T доаѓа и во комплет со специјална книга со име Salute to Speed. Продажбата на смартфонот во Европа започнаа на 13 декември по цена од 699 ​​евра.