Бидејќи Google е сопственик на Android, повеќето ажурирања на производите на Google доаѓаат на овој оперативен систем, наместо на iOS – сепак не секогаш.

Ова „не секогаш“ вклучува нова функција која, сигурни сме, би била интересна за многу корисници на Android. Станува збор за поместување на лентата за адреси (местото каде што пишува на кој сајт сте) од врвот до дното на екранот, при користење на Google Chrome на телефонот.

Оваа корисна функција сега е достапна за iOS, но не и за Android. Сè што треба да направат корисниците на iOS е да го држат прстот на лентата за адреси и ќе се појави опција за преместување надолу.

Не е јасно дали ова ќе функционира на ист начин на Android, ако и кога оваа функција дојде на тој оперативен систем. Засега, долго притискање на лентата за адреси во Chrome за Android ви овозможува да споделувате, копирате или уредувате URL-адреса, но ништо друго, објави сајтот Android authority.

Интересно е што Apple воведе слична функција за своето Safari уште во 2021 година, така што Google засега можеби се фокусира на убедување на корисниците на iOS да користат Chrome бидејќи ја имаат оваа опција и на него.