Компанијата Oppo стана лидер на пазарот на паметни телефони во Кина. 

Лидерската позиција Oppo ја презема од Huawei, откако стана најпродаваниот бренд на смартфони во Кина, за првпат во историјата. Во јануари, на компанијата Oppo и припадна 21 процент од пазарот, со што се најде пред Huawei и Vivo, кои заземаат по 20 отсто од пазарот. Удделот на Apple и Xiaomi на пазарот во Кина изнесува по 16 проценти.

Продажбата на Oppo порасна за 26 проценти во однос на минатата година, односно за 33 отсто во споредба со минатиот месец. Новата Reno 5 серија забележа голем успех, бидејќи понуди подобри спецификации по пониски цени во однос на претходната серија Reno 4.

За Oppo да го зголеми уделот на пазарот, некој мораше да го загуби, а тоа е компанијата Huawei, која се фокусираше на премиум пазарот, поради недостатокот на компоненти предизвикани од американските санкции. Поради тоа, кинеските дистрибутери се свртеа кон други брендови, за да се задоволи волуменот. Huawei го продаде Honor, што исто така резултираше со намалување на пазарниот удел, бидејќи овој бренд сега се смета за конкурент.

Овие бројки се однесуваат само на еден месец, но се очекува дополнителен пад на Huawei во текот на оваа година. Oppo сака да профитира на својот нов флегшип Find X3 Pro, кој беше претставен минатата недела.