Intel потврди дека Rocket Lake-S линијата процесори ќе почне со продажба од 30 март. Овој датум се совпаѓа со она што гласините го сугерираа претходно. Сè уште не е познато дали и натаму во опција е 16 март како датум на лансирање на новите процесори.

Ембаргото за почеток на продажбата на десктоп процесорите од 11 генерација на Intel (Rocket Lake S) е на 30 март, но тоа не спречи некои малопродажни синџири веќе да почнат да ги наведуваат новите процесори.

Intel потврди дека германскиот малопродавач Mindfactory почнал da ja prodava 11. генерација на Core процесори, пред нивнata официјалнa објавa. Компанијата не потврди дали малопродавачот е директно одговорен за кршењето на ембаргото или се случила грешка во синџирот на снабдување. Intel посочува дека секогаш сериозно ги сфаќа договорите за ембарго, така што и натаму можат да следуваат соодветни акции по повод овој инцидент.

За време на викендот се појавија и спецификации за Core i7 и Core i9 моделите, кои можете да ги видите во придружната табела.