Доколку и после ова решение ситуацијата со звукот на телефонот не е подобра, дефинитивно побарајте помош од сервис.

Иако повеќето производители на паметни телефони се фалат дека се водоотпорни и дека можат да „нурнат“ неколку метри, во реалноста подобро е да не ги пробате овие можности.

Да, повеќето телефони нема да им наштетат ако истурите вода (или малку сок) врз нив или ако ве фати летен дожд. Но, ако ви падне во вода и помине извесно време таму, може да имате проблем.

Имено, повеќето паметни телефони се специјално запечатени за да се спречи водата да навлезе во основните делови, како матичната плоча, процесорот и слично. Но, звучниците и приклучокот за полнење се изложени.

Првото нешто што треба да го направите ако вашиот паметен телефон падне во вода е – извадете го и исушете го најдобро што можете. Не е погрешно да го исклучите за да избегнете краток спој поради навлегување вода. За сушење, користете крпа, хартиена крпа или друга впивачка ткаенина и никогаш не го сушете со фен за коса или друг извор на топлина.

Откако ќе го исушите однадвор, оставете го на страна да се исуши добро на воздух. Никогаш не го оставајте на директна сончева светлина за да избегнете прегревање. Кога телефонот ви изгледа сув, вклучете го и проверете дали сè работи како што треба.

Водата често останува во звучникот, што може да влијае на квалитетот на звукот за време на повиците, но и при гледање мултимедијални содржини. За да ја извадите таа вода, користете едноставен трик.

Ако користите iPhone, додадете ја кратенката Water Eject на почетниот екран за да го принудите телефонот да исфрла вода од звучникот. Кога додавате кратенка на вашиот почетен екран, можете да го активирате исфрлањето на вода со допирање на кратенката или можете да побарате од Siri да го стартува.

Ќе се отвори мени во кое треба да изберете Start и потоа нивото на интензитет – од 1 до 3. ЗАБЕЛЕШКА: Пред да ја вклучите оваа опција, извадете ги слушалките (ако ги носите), инаку целиот процес нема да има смисла.

Почекајте процесот да заврши. За време на исфрлањето на самата вода, ќе можете да ги почувствувате вибрациите кои доаѓаат од длабочината на телефонот. Дополнително, доколку имате повеќе вода во звучникот, ќе можете да забележите мали капки кои излегуваат од телефонот.

После тоа, проверете дали ситуацијата со звучникот е подобра. Ако не, повторете ја постапката и, за подобар ефект, свртете го телефонот во различни насоки додека вибрира за да бидете сигурни дека водата излегла.

Сопствениците на Android кои ќе се најдат во таква ситуација може да се обидат да ја исфрлат водата механички (малку тресејќи го уредот), или можат да ја инсталираат апликацијата Clear Wave – Water Eject и да ги следат упатствата на екранот. Апликацијата, откако ќе се вклучи, ќе репродуцира различни високи и ниски звуци преку звучникот за да го исфрли вишокот вода, а на крајот ќе изврши тест на звук за да се увери дека нема вода во системот.

Доколку и после таа процедура ситуацијата со звукот не е подобра, дефинитивно побарајте помош од сервис.