Светската здравствена организација (СЗО) предупреди дека е нереално да се мисли дека светот ќе се ослободи од Kовид-19 до крајот на оваа година.

Директорот на СЗО за вонредни состојби, Мајк Рајан, сепак изјави дека трагедијата во корона-кризатата може да се избегне со намалување на бројот на хоспитализирани и починати, пренесува „Гардијан“.

Тој додаде дека вирусот е сè уште оној што има контрола, особено со оглед на зголемувањето на бројот на новозаразени минатата недела, по шест последователни недели на опаѓање на бројот.

„Би било многу рано и нереално да се мисли дека ќе се ослободиме од вирусот до крајот на годината, но ако сме паметни можеме да завршиме со хоспитализациите, смртните случаи и трагедијата поврзана со пандемијата, рече Рајан.