Добри вести доаѓаат за корисниците на WhatsApp кои имаат неколку iPhone-и. Благодарение на новото ажурирање, тие ќе можат да користат една сметка на повеќе телефони.

Корисниците на Android добија ажурирање минатиот месец што им овозможува да поврзат една сметка на WhatsApp со најмногу пет различни телефони. Со оглед на тоа дека се работи за прилично корисна опција, тоа го побараа и корисниците на iPhone.

Имено, верзијата на WhatsApp 23.10.76 за iOS носи можност за користење на апликацијата на еден примарен и четири дополнителни iPhone-и. Пораките, исто како и на Android, се целосно синхронизирани, што значи дека се достапни на секој од поврзаните уреди. Покрај тоа, тие се заштитени со шифрирање од крај до крај.

Како што пренесува WABetaInfo, новата верзија на WhatsApp за iOS носи и автоматска репродукција на анимирани GIF во разговорите. Да потсетиме дека за ова се разговараше на почетокот на месецот кога таа опција се појави во бета верзијата на апликацијата.