Неодамна беше извршен голем хакерски напад на студиото CD Projekt Red кое стои зад мегапопуларната видео игра Cyberpunk 2077.
Тогаш, сајбер-криминалците се заканиле дека доколку не бидат исполнети нивните барања, ќе го продадат изворниот код за Cyberpunk 2077 и се чини дека своите закани ги оствариле.
Имено, тие организирале аукција на еден хакерски форум, но набрзо ја избришале затоа што наводно прифатиле понуда која дошла од некоја друга страна. Почетната цена на аукцијата била милион долари, а се уште не е јасно за колку е купен изворниот код, од кого и што планира купувачот да направи со кодот.
Да потсетиме, хакерите кои упаднаа во системот на полското студио ги украдоа изворните кодови за неколку видео игри, како и правни и финансиски документи. Наводно одредиле рок во кој челниците на компанијата требало да одговорат, меѓутоа не добиле одговор.
Од CD Projekt Red после хакерскиот напад соопштија дека немаат информации дека со нападот биле оштетени нивните корисници на било каков начин.
Извор: B92.net