Компанијата Sony најави дека ќе започне втор софтверски бета тест за конзолата PlayStation 5, со промени кои се однесуваат на надградбата на чет, нови поставки за корисничкиот интерфејс, како и гласовни контроли.

PS5 може да ги „слуша“ таканаречените „Hey PlayStation“ гласовни команди и на тој начин да наоѓа и стартува игри, апликации и поставки, но и да овозможи контрола на содржината што се гледа или музиката што се слуша. Оние кои не сакаат да користат гласовни команди ќе можат да ги исклучат во поставките. Гласовната контрола првично ќе биде достапна на англиски јазик за бета корисниците со профили регистрирани во САД и Велика Британија.

Sony прави промени и за party четвовите. Гласовните разговори сега се нарекуваат „забави“ и корисникот може да избере дали забавата е отворена, дали пријателите можат да се придружат без покана или пак е затворена. Меѓутоа, засега само бета корисниците ќе можат да пристапат до отворени party разговори.

На PS5 пристигнуваат и низа други нови функции, како што е задржување на одредени игри или апликации на почетниот екран, надградба на дизајнот на trophy картичките и друго.

Софтверските ажурирања ќе бидат достапни на глобално ниво за сите корисници на PS5 и PS4 подоцна оваа година.