Корисниците на Google Maps и Android Auto наскоро може да очекуваат нови корисни опции.

За почеток Google Maps за Android конечно ќе добие Dark mode, односно темен режим на работа.

Оваа опција се тестира уште од април минатата година и значително е различна од моментно достапниот „Ноќен режим“. За да го пронајдете Dark mode, треба да ги отворите поставките на апликацијата и да погледнете во секцијата Теми.

Кога станува збор за Android Auto, возачите ќе можат да играат неколку нови видео-игри како што се Song Quiz или Are You Feeling Lucky. Доволно е само да го вклучите Google асистентот и да му кажете ‘Hey Google, play a game’, пренесува порталот The Verge.

Покрај ова, постои можност за споделување на екранот, каде што Google Maps стои покрај контролите за мултимедија, како и табовите на почетната страница на Android Auto апликацијата, што овозможуваат брз пристап до термостатот или временската прогноза.

Новите функции за Android Auto овие денови ќе им бидат достапни на сите со Android 6.0 или понова верзија, додека темниот режим на работа за Google Maps наведено е дека пристигнува „наскоро“.