Во неочекувана објава, HP откри дека го купил HyperX од Kingston. HyperX брендот за гејминг периферни уреди ќе добие нов сопственик, иако Kingston ќе продолжи да го води својот бизнис со меморијата.

HyperX наводно ќе ја поддржува „стратегијата на HP за поттикнување на растот во бизнисот на компанијата со персонални системи“. HP посебно е заинтересиран за пазарот на периферни уреди, каде HyperX има неколку истакнати производи, вклучувајќи слушалки, тастатури и глувчиња.

Зборувајќи за аквизицијата, извршниот директор на HP, Енрике Лорес изјави: “HyperX е лидер во периферните уреди, гејмерите ширум светот имаат доверба во оваа технологија и воодушевени сме што го додаваме нивниот извонреден тим во HP семејството. Продолжуваме да го унапредуваме нашето лидерство во персоналните системи, со модернизација на компјутерските искуства и проширување во вредните средини. Гледаме значајни можности на големиот и растечки пазар на периферии, а додавањето на HyperX во нашиот екосистем ќе покрене нови извори на иновации и раст за нашиот бизнис”.

Според договорот, HP ќе му плати 425 милиони долари на Kingston за купување на HyperX брендот и портфолиото на периферни уреди. Аквизицијата се очекува да заврши пред втората половина на 2021 година.