Интеграцијата на услуги на сервисот Waze ќе им помогне на корисниците на Google Maps да возат според ограничувањата и да ги избегнат камерите за надзор на брзината.

Google пред нешто помалку од пет години ја презема Waze, мобилна апликација која на возачите им дава информации за сообраќајот. Досега од овој сервис во Google Maps преминаа неколку опции, како корисните информации за сообраќајните застои или незгоди на патот, а сега во Google постапно ќе стартувааат уште неколку. Корисниците во некои земји веќе забележаа дека во апликацијата Google Maps добиваат информација за највисоката допуштена брзина наа патот на кој се наоѓаат.

Исто така, на некои мапи почнаа да се прикажуваат и локациите на фиксните камери за надзор на брзина на возилото, а апликацијата ќе го предупреди возачот и со звучен сигнал, кога ќе се приближи до област која е под ваков надзор.

Двете нови опции се активирани од серверска страна, па апликацијата не е потребно да се апдејтува за да се прикажат овие информации. Но, Google ќе ги воведува постапно, па засега опциите за приказ на брзината и камерите за контрола на брзината ќе бидат достапни само во делови на САД, Велика Британија и Данска. Локацииите на полициските камери можат да се видат и во Австралија, Бразил, Канада, Индија, Мексико, Русија и Индонезија – но многу веројатно е дека, како и останатите функционалности на Google Maps сервисот, наскоро полека ќе се прошират и на остатокот од светот.