Fitify е важен додаток на сопствената фитнес апликација на компанијата, достапна во AppGallery

Популарната фитнес апликација Fitify е меѓу првите апликации од независни програмери во Европа за носечките уреди на Huawei. Таа е важен додаток на сопствената фитнес апликација на компанијата, достапна на AppGallery, и го покажува отворениот пристап и желба да ги збогати апликациите од трети лица надвор од Кина.

Друг пример во овој тренд е француската апликација Mood Messenger, со која сопствениците на Huawei паметни часовници сега ќе можат да реагираат директно преку часовникот со емотикони и претходно снимени SMS и MMS пораки испратени до нивниот телефон.

Со премиерата на најновиот бестселер меѓу паметните часовници HUAWEI WATCH GT 2 PRO, Fitify ги комбинира научните откритија во спортот и физиотерапијата со компјутерски науки и напредок во вештачката интелигенција за да им понуди на корисниците интегрирано искуство со нивниот паметен телефон и паметен часовник.

Со најголемата база на податоци за вежби, AppGallery и 200 милиони пријавени перформанси, Fitify помага на 18 јазици на над 10 милиони корисници, во над 170 земји, вклучително и во Северна Македонија. Апликацијата ги чита повратните информации од секој тренинг и користи вештачка интелигенција за да ги оптимизира резултатите. Со нејзина помош, корисниците во текот на минатата година „изгореа” 26 милијарди калории.

„Само во третиот квартал на 2020 година испорачавме 10,7 милиони паметни часовници и фитнес нараквици ширум светот, што претставува зголемување од 88,1% на годишно ниво, со удел на пазарот од 19,5%. Со дебито на Fitify и Mood Messenger за Watch GT 2 Pro, испраќаме порака до многу други независни развивачи на квалитетни апликации – нашите уреди за носење стануваат сè попопуларни и ве покануваме да станете дел од екосистемот на Huawei AppGallery и паметните додатоци”, изјави Дерек Ју, потпретседател на Huawei CEE & Nordic во Huawei Consumer Business Group.

Fitify користи 5 софтвер kits од екосистемот на Huawei Mobile Services, односно Account Kit за безбедно и брзо регистрирање и овластување со Huawei ID, што го користат повеќето корисници на Huawei, Push Kit за поврзување помеѓу Cloud и уредот со што можат да се испраќаат пораки во реално време кон корисниците на апликацијата, In-App Purchases Kit, што овозможува купување на виртуелни производи и лесно плаќање, Analytics Kit за добивање детални информации од развивачите за однесувањето на корисниците и Wear Engine за подобрена интеракција помеѓу паметниот телефон и уредот за носење.

Мартин Мазанек, извршен директор на Fitify, вели: „Интегрирањето на Fitify за AppGallery беше една од нашите клучни цели. Гледаме огромен потенцијал во приближување до растечката публика на корисници на Huawei и подготвени сме за понатамошна соработка.”