Играње игри на мобилниот телефон е посебен сегмент, како за самите мобилни уреди, така и за игрите. Кога зборуваме за паметните телефони воопшто, обично разговараме за спецификациите и бројките.

Но, кога зборуваме за игри, обично помислуваме на моќен десктоп компјутер со сета опрема. Сепак, со текот на времето се појавува нов сегмент за гејмање, имено, на паметните телефони. Секако, имаме специјални уреди за оваа дисциплина, но со воведувањето на смартфоните што се преклопуваат, парадигмата полека се менува.

Samsung Galaxy Z Fold5 е еден од уредите што навистина ги привлекува мобилните гејмери ​​поради неговиот голем екран. Не треба да бидете напреден гејмер на мобилни телефони за да сфатите дека искуството е подобро на поголеми екран. Особено во акционите игри, големиот екран е предност, иако не се разликува многу во стратешките игри. Кога ќе го расклопите екранот од 19,3 cm, ќе ја доживеете вашата омилена игра во сосема ново светло.

Додека играте Modern Combat 5, ќе забележите дека подобро можете да го видите непријателот кој се крие во позадина, едноставно затоа што екранот е поголем. Меѓутоа, ако играте Age Of Origins, имате многу подобар поглед на мапата на светот отколку на обичен паметен телефон.

Клучот за мобилните игри е процесорот на телефонот. Тој мора да биде најсилниот и најдобриот достапен во моментов, бидејќи во светот на игрите нема простор за компромиси. Snapdragon 8 Gen 2 нуди исклучителни перформанси во овој сегмент, а стапката на освежување на екранот од 120 Hz е исто така важна. Тешко е да се замисли вистинска игра без оваа функција. Snapdragon 8 Gen 2, покрај тоа што добро ги извршува основните задачи, содржи и многу моќен графички процесор, кој всушност ја врши клучната работа во игрите. Одличниот стерео звучник го прави комплетно целокупното искуство со игри.

Една од одличните карактеристики исто така е Game Booster, додаток кој вклучува дополнителни алатки за игра, како снимање на екранот доколку сакате да се пофалите пред вашите пријатели за тоа како сте победиле непријател. Оваа функција ви овозможува и репродукција кога уредот е директно поврзан со полначот. Со оваа опција напојувањето е директно од штекерот, заобиколувајќи ја батеријата, со што се намалува непотребното загревање на уредот.

Во секој случај, Samsung Galaxy Z Fold5, освен што е одличен уред за продуктивност (да, можеби ова сте го слушнале безброј пати, но навистина е така), тој ќе послужи и како место за одмор кога не сте фокусирани на работата, па може да се опуштите со акциона игра или да го напрегате мозокот во некоја од стратешките игри. Исто така, овој уред ќе биде шлаг на тортата за сите страсни гејмери ​​кога се далеку од својата конзола. Без оглед на мобилните игри што ги сакате, Samsung Galaxy Z Fold5 сигурно ќе ви даде подобро искуство и штом ќе се навикнете на сите негови предности, ќе ви биде тешко да се вратите назад.

 

Специјална понуда со одлични подароци – зошто да немате два телефони? 

Во специјална промоција, клиентите сега можат да добијат телефон Galaxy S21 FE кога купуваат паметен телефон од серијата Galaxy S23 или Galaxy Z Flip5 или Galaxy Z Fold5. Во есенската специјална промоција е и серијата Galaxy Watch6 при што можете да добиете подарок Galaxy Tab A8 таблет. Промоцијата трае од 12 октомври до 10 ноември 2023 година или додека се потрошат залихите. Сите информации и услови може да се најдат линкот за промоцијата.

 

ПР