Компанијата Oppo наскоро ќе претстави нов смартфон, а тоа ќе се случи веќе следниот месец.
Oppo Find X3 би можел да биде помеѓу највозбудливите уреди оваа година, а се очекуваат три модели. Компанијата има намера на 11. март да ги претстави Oppo Find X3 Pro, Oppo Find X3 Lite и Oppo Find X3 Neo.
Пред-нарачките почнуваат на 31 март, а продажбата на 14 април. Сè уште нема официјална потврда за овие датуми, но информациите доаѓаат од веќе доверливи извори.
Досегашните извештаи велат дека најдобриот модел Find X3 Pro ќе има четири камери, главна од 50, ултраширока од 50, телефото од 13 и макро од 3 мегапиксели, која ќе понуди 25x зум и ќе можат да функционира речиси како микроскоп. Овој модел треба да добие 6,7 инчен закривен екран со резолуција 3,216×1,440 пиксели и стапка на освежување од 120Hz, батерија од 4.500 mAh со поддршка за 65W полнење, како и врвниот Qualcomm Snapdragon 888 процесор. Со други зборови, ова е главоболка во најавите за Samsung S21 серијата и Xiaomi M11.
Во март пристигнуваат уште некои телефони кои нестрпливо се очекуваат, а меѓу нив се Asus ROG Phone 5 најавен за 10. март и Huawei P50 нешто подоцна истиот месец.