Момче кое што долги години ги лажело жените на интернет одлучило да престане со таквото однесување и јавно да ја открие „тајната на занаетот“, со цел во иднина да биде полесно да се препознае измамник.

Безбедносните експерти често предупредуваат на измами кои што се наоѓаат по пат на апликациите за запознавање, а на кои што најчеста мета им се постарите и поранливите осамени жени.

Тие понекогаш сакаат да запознаат маж, често помлад од нив кој што е чувствителен и полн со разбирање, а таквата врска изгледа предобра за да биде вистинита. За жал, таквите врски во поголемиот дел од случаите не се вистинити, туку зад профилот на мажот од нивните соништа стои измамник кој што на памет има само една рабта – парите.

Новинари од BBC неодамна разговарале со младо момче (дваесетина години) кое што по пат на интернет долги години мамел жени, но со текот на времето одлучило да престане да се однесува така и да ги предупреди сите жени на однесување кое што би можело да укаже дека зад мобилниот телефон или пак компјутер стои измамник, а не личност која што сака врска.

„Тоа е еден од најлесните начини за заработка пари, да бидам искрен. Доколку имаш девојка која што работи и на која што си ѝ интересен, зошто да не ја прашаш да ти испрати пари“, изјавило момчето во разговор за BBC.

Интересен е фактот што момчето додека разговарало со жените било во затвор и тоа поради казниво дело кое што нема врска со интернет измама.

Со жените тој комуницирал по пат на илегален телефон, а во текот на својата измамничка кариера најмногу пари успеал да добие од една личност која му дала десет илјади фунти. Останатите жртви ги измамил за помалку пари, а страшно звучи тоа што за таквите свои измами тој никогаш не одговарал пред законот.

Тој своите жртви ги бирал така што гледал истите да бидат повозрасни и очајни жени кои што се подготвени да направат сè за да не ја изгубат врската со него. На пример, барал профили на кои што во опис пишувало „барам само среќа“, а интересно е тоа што во комуникација со нив користел свои реални фотографии, а не лажни.

Тој исто така открил дека на почеток од комуникацијата се однесува опуштено, а потоа развил и своја игра и шармирање кое што можело да трае со месеци.

„Ќе ѝ кажев сè што сака да слушне, сè додека не се заљуби во мене“, признало момчето.

Како да ги препознаете измамниците на интернет?

Првиот знак за тоа е доколку личноста која што ви пишува ви поставува премногу лични прашања, но не кажува многу информации за себе, а вториот знак е доколку личноста бара причини поради кои жртвата треба финансиски да му помогне.

Извор: Zimo.hr