Се појавуваат се повеќе информации за претстојниот Vivo V15 Pro телефон. Откако се појавија фотографии од заштитната футрола, телефонот исто така е забележан на сертификација во Тајланд. Сега Vivo одлучи на некои начин да го официјализира постоењето на телефонот и испрати покани за 20. февруари, кога се очекува “новата поп ѕвезда во градот”.

Фотографијата и споменатиот слоган се јасна назнака на она што ќе го видиме на презентацијата. Се очекува дека тоа ќе биде Vivo V15 Pro моделот, со интересен систем за камера.

Со оглед на тоа дека се очекува селфи камера со pop-up механизам, веројатно е дека комплетната предна страна ќе биде без рамки. Остатокот од спецификациите ќе биде познат на 20. февруари, но се сугерира дека би можеле да имаме Snapdragon 670 или Snapdragon 710 чипсет, 6GB RAM, 64GB простор за складирање и систем со три камери на задната страна.