Гласините сугерираат дека Intel планира објава на својата Rocket Lake-S линија процесори на 15. март, а со овие процесори пристигнува првиот голем редизајн на јадрата во последните пет години.

Со новите Cypress Cove јадра, Intel Rocket Lake-S линијата процесори би требало на PC корисниците да им го овозможи најголемото IPC подобрување, барем кога е во прашање десктоп процесирањето. Rocket Lake ќе биде и првата десктоп архитектура на Intel со поддршка за PCIe 4.0, Xe интегрирана графика и AI/Deep Learning акцелерација.

Генералната достапност на Intel Rocket Lake производите не се очекува пред почетокот на април, а во текот на објавата на 15. март, Intel ќе даде повеќе детали за предностите што ги нуди 11. генерација процесори на компанијата во однос на конкурентските производи.

Intel ќе мора да ги убеди купувачите дека процесорот на компанијата е вреден за инвестирање во однос на AMD AM4 платформата, која може да поддржи процесори со два пати повеќе јадра. Intel i9-11900K процесорот ќе има осум јадра, додека AMD Ryzen 9 5950X ги има 16.