Honor официјално ја претстави својата Honor 30 серија телефони, која ја сочинуваат стандардниот модел, 30 Pro и 30 Pro+ верзијата. Сите уреди ќе ги карактеризира сличен дизајн, кој вклучува OLED дисплеј, punch-hole камери од предната страна и правоголен систем на камери на задната страна.

Стандардниот Honor 30 има 6,53-inčni OLED дисплеј до FHD+ резолуција и punch-hole отвор за селфи камерата од 32MP. Панелот има 20:9 однос на страници и вграден сензор за отпечатоци од прсти под екранот. На задната страна се наоѓа 40MP 1/1.7″ главна камера, а ја дополнуваат 8MP перископ модул и 8MP ултраширок сензор.

Телефонот го покренува новиот Kirin 985 5G чипсет, кој содржи главно Cortex-A76 јадро @2.58GHz и три пратечки Cortex-A76 јадра @2.40GHz, како и четири Cortex-A55 јадра @1.84GHz. GPU е Mali-G77. Телефонот го напојува 4000mAh батерија со поддршка за 40W брзо полнење, додека за софтверот е задолжен за Magic UI 3.1.0 заснован на Android 10.

Honor 30 ќе биде достапен во црна, виолетова и зелена боја, со варијанти на меморија и простор на складирање од 6GB и 128GB, 8GB и 128GB, како и 8GB и 256GB.

Honor 30 Pro има 6.57-инчен OLED дисплеј со FHD+ резолуција и punch-hole отвор за две селфи камери. Главната селфи камера има 32MP сензор, додека секундардна е 8MP ултрашироката камера. Во дисплејот е вграден и сензорот за отпечаток од прсти.

На задната страна на уредот се наоѓа систем со три камери, кој го сочинуваат 40MP Sony IMX600 главниот модул со голем 1/1.7″ сензор, 8MP перископ модул за OIS поддршка, 5x оптички до 50x хибриден зум, како и 16MP ултраширок модул, кој служи и за макро фотографии.

Honor 30 Pro го покренува Kirin 990 5G чипсет, во комбинација со 8GB или 12GB RAM и 128GB или 256GB простор за складирање. Батеријата со капацитет од 4000mAh, има поддршка за 40W брзо полнење.

Телефонот ќе биде достапен во црна, виолетова, зелена и сребрена боја. Honor 30 Pro, како и Honor 30 ќе се најде во претпродажба од 21. април.