Како нов водечки смартфон на Samsung, Galaxy S21 Ultra обезбедува најнапредни и најинтелигентни опции на камера, најдобар дисплеј и најмоќни перформанси во рамките на Galaxy серијата
Компанијата Samsung минатиот месец го претстави Galaxy S21 Ultra, премиум уред за 2021 година, а уредот донесува супериорно корисничко искуство што целосно го менува концептот на паметен телефон. Она што е специфично за Galaxy S21 Ultra е можноста да се користи S Pen пенкалото, со што S21 Ultra е првиот Galaxy S уред што нуди поддршка на пенкало за максимална продуктивност и креативност. S Pen се одликува со Wacom технологија и овозможува непречена употреба при цртање, уредување фотографии, земање белешки или потпишување документи.
Помеѓу останатото, S21 Ultra го има еден од најдобрите екрани на пазарот, батерија од 5000mAh со одлична автономија, поддршка за 5G и генерално максимално унапредени спецификации, но тука е и она што го одвојува од преостанатите два нови телефона Galaxy S21 и Galaxy S21 Plus – камерата! Покрај тоа, премиум уредот работи со најнапредниот процесор досега со повисок степен на енергетска ефикасност.
Galaxy S21 Ultra има четирикратна камера со два различни објектива за 3х и 10х оптички зум, како и 108MP Pro сензор за главната камера, со додаток на широкоаголната и ултрашироката леќа. Ова гарантира фотографии со врвен квалитет, дури и во ноќни услови или на големи растојанија. Со Pro сензорот од 108 MP можно е да се фотографираат 12-битни HDR фотографии со 64 пати побогати бои и три пати поширок динамички опсег. Со Galaxy S21 Ultra, сега за прв пат во историјата на паметните телефони е можно да се снима видео во 4K квалитет со 60 FPS, што вклучува и предна и задна камера. Дополнително, можно е секоја слика да се уреди до најситните детали со помош на RAW фајл од 12 бити.
Во однос на минатата година, новиот Galaxy S21 Ultra има изменет дизајн, и натаму многу елегантен, со стаклена позадина која не собира отпечатоци од прсти, а централно место зазема токму камерата сместена во новиот облик. Се работи за карактеристичното Contour Cut куќиште за камера, кое незабележително се вклопува во металната рамка на уредот, за елегантно и впечатливо естетско чувство. Galaxy S21 Ultra е достапен во фантомска црна и фантомска сива боја, а целиот уред е обложен со луксузно матиран завршен слој за посебно софистициран изглед.
Galaxy S21 Ultra е најголемиот уред во Galaxy серијата досега, со Dynamic AMOLED 2X дисплеј од 6,8-инчи (3200×1440 пиксели). Новитет е секако и можноста корисникот да не мора да бира помеѓу Quad HD+ квалитетот на дисплејот или брзината на освежување од 120 Hz – сега овие две компоненти се достапни истовремено. Брзината на освежување варира во зависност од содржината на опсегот од 10 до 120 Hz за да се обезбеди оптимална енергетска ефикасност и заштеда на енергија од батеријата. Во споредба со својот претходник, S21 Ultra има 25 проценти посветол дисплеј (1500 нита), а екранот е унапреден и во поглед на контрастот за кристално чист и јасен приказ, дури и кога уредот се користи на отворено. Како и Galaxy S21 и S21+, S21 Ultra е опремен со опции за намалување на заморот во очите.
S21 Ultra е еден од првите уреди што го поддржуваат Wi-Fi 6E стандардот, што овозможува поголем проток на податоци и побрза интернет конекција, а непрекината забава секако ќе се обезбеди со поддршка за 5G мрежата. Водечкиот смартфон на Samsung користи и Dual Bluetooth® технологија за синхронизација со повеќе уреди одеднаш и помага овие уреди како што се Galaxy Buds Pro да трошат помалку енергија.
Препорачаната малопродажна цена за Galaxy S21 Ultra (5G 12/128GB) изнесува 74.999 денари.
Повеќе информации за новиот Galaxy S21 Ultra паметен телефон може да најдете на https://www.samsung.com/mk/smartphones/galaxy-s21-ultra-5g/ како и на https://www.samsungmobilepress.com/.