Корисниците со години бараат од Twitter можност за уредување твитови, а Twitter конечно ќе им ја исполни таа желба.

Компанијата планира наскоро да ја објави можноста за уредување твитови, а на Twitter беше објавен тест твит со ознаката „last edited“.

Со кликнување на ознаката, корисникот може да оди во историјата со верзијата на оригиналниот твит и сите модификации направени на него.

Откако функцијата за уредување твит ќе биде подготвена за корисниците, опцијата ќе биде ексклузивна за Twitter Blue. Тоа е услуга за претплата (4,99 долари месечно), која е поддржана само во САД, Канада, Австралија и Нов Зеланд.

Корисниците на Twitter Blue добиваат и некои други поволности, како што се содржина без реклами, опции за прилагодување на интерфејсот и опција „undo tweet“.