Еден вљубеник во Google Maps открил мистериозен леден брод долг дури 122 метри, на 160 километри од крајбрежјето на Антарктикот.

За што служи овој леден брод? Новостите за своето откритие момечето веднаш ги објавило на својот YouTube канал. Видеото иницијално прикажува големо парче мраз кое што се издигнува над белиот пејзаж, а кога во еден момент тој вклучил 3D визуализација, објектот добил облик на брод со ниски прозорци, повеќе палуби и оџаци.

Некои од луѓето всушност веруваат дека тој брод служел за транспорт на елитата во случај на глобални катастрофи, односно доколку познатите и богатите одеднаш „исчезнат“ – знаеме каде да ги бараме.

Од друга страна се верува дека во него се скриени скапоцености, додека пак некои тврдат дека тоа била тајна база на нацистите.

„Во изминатите десетина дена се запознав со нашата планета. Снимам сè што ќе воочам дека е интересно – од длабочините на морето до вселената. Оваа сцена навистина е неверојатна“, изјавил творецот на видеото.

Извор: Pink.rs