OnePlus патентираше два дизајна за својот претстоен паметен часовник, а патентот вклучува и детални скици. Паметниот часовник има кружен облик, а се очекува со единствен  изглед на ремените.

Постои и поспортска варијанта, која изгледа како оние ремени што ги гледаме на паметните нараквици и веројатно е креирана од пластика.

Вториот модел делува како да е направен од кожа, има повеќе стилизиран дизајн и копче на крајот од ременот. Необичниот дизајн сигурно ќе биде и главната продажна карактеристика на овој модел.

Двете верзии на часовникот имаат две копчиња од страна, како и оптички сензор за мерење на работата на срцето, како и нешто што изгледа како пинови за полнење.

Претходно протечените информации сугерираа и Cyberpunk 2077 издание на паметниот часовник. Сè уште не е познато кога ќе биде претставен OnePlus Watch.