Минатата недела се појавија извештаи дека Motorola ќе го претстави новиот Moto G паметен часовник, што ќе работи на Google Wear OS платформата. Објавени се и неколку рендери кои го прикажуваат часовникот со проѕирна задна страна. Темата на Reddit сега сугерира дека текстот напишан на задната страна поменува „Snapdragon Wear 4100“, што укажува на чипсет на Qualcomm што ќе го покренува часовникот.

Засега нема информации кога Motorola планира да го претстави новиот паметен часовник. Носечкиот уред се очекува да биде наследник на Moto 360 моделот, објавен уште во 2019 година. Овој модел го произведен од партнерот на Motorola, eBuyNow, но го користеше Moto логото.

Snapdragon Wear 4100 платформата е значително поефикасна и троши помалку во споредба со платформата Snapdragon 3100 Wear. Кога станува збор за Wear OS, се очекува дека софтверот ќе претрпи голем редизајн, а ажурирањето се очекува во одреден период во текот на оваа година.